Утревечер (9 април) од 19:30 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи концерт на учениците од насоката за традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Концертот е со наслов „Мелодија што трае“ и е инспириран од богатата музичка оставина на етномузикологот Трпко Бицевски. Концертот е завршница на семинарот реализиран под менторство на проф. д-р Драган Даутовски, со поддршка од професори и млади таленти од ...
Куманово, 8 април 2025 (МИА) - Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска и утре ќе се одржи четвртиот семинар за традиционална музика и игра „Глобалното кај локалното“. Семинарот почнува во 18 часот во големата сала на Центарот. Целта е афирмација на традиционалната култура, запознавање и доближување до младата популација, афирмацијата на младите уметници, како и стручни усовршувања на носителите на дејноста. -Годинашниот семинар ...