Лидерот на СДСМ Венко Филипче упати остри критики кон актуелната власт, оценувајќи дека наместо европска иднина и економски напредок, граѓаните добиле зголемени долгови, корупција и стагнација, при што ја обвини Владата за лошо управување со институциите, блокада на евроинтеграциите и продлабочување на економските проблеми. Филипче порача дека државата се соочува со сериозни финансиски предизвици, растечки дефицит и нови задолжувања, додека ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ рече дека државата нема вистински напредок и дека „наместо европска перспектива, граѓаните се соочуваат со долгови, корупција и стагнација“. „За две милијарди е зголемен долгот само за две години. Нема прогрес во ниедно поле. Моето мислење е дека власта нема желба да се оди напред во Европа ...