Според аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ, во идниот состав на Советот на Општина Битола, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освоија 16 советнички мандати, СДСМ и коалицијата 5 советнички мандати, потоа Поинаку 4, Левица 2, ЗНАМ, ЛДП, ГРИН и ДУИ по еден советник. Според информациите на ДИК, од 90 проценти обработени податоци ВМРО ДПМНЕ освои 14.200 гласови, СДСМ 4.678 гласа, Поинаку 3.600, Левица 1.913, ЗНАМ 1.199, ЛДП 1.022, ГРИН 880 и ДУИ 830 гласа. ...

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија најмногу места во Советот на Општина Охрид. Според првичните информации на Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 13 мандати во советот на град Охрид кој брои 23 членови. СДСМ и коалцијата освои 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат апсолутно мнозинство во Советот на Општина Охрид ...