Иван Драгниќ, еден од четворицата сопственици на Друштвото за производство, промет, трговија и услуги „Алфафарм“, е притворен по големата акција на српската полиција во селото Коњух кај Крушевац, каде што откри и заплени пет тони марихуана. Дрогата е набавена токму од компанијата регистрирана во Македонија, со адреса во скопската општина Кисела Вода. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека е покрената истрага против ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за заплена на околу 30 тони марихуана, односно дека синоќа имало полициска опсада на ...

