Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, им се извини на навивачите поради неуспехот да се обезбеди пласман на Светското првенство, но истовремено изрази гордост за настапот на своите фудбалери во драматичниот пораз од Босна и Херцеговина. „Аѕурите“ беа елиминирани во баражот по изведување пенали во Зеница, со што третпат по ред остануваат без настап на најголемата светска фудбалска сцена. „Овие момци не го заслужија ова, со оглед на трудот, ...

Италија е во шок, а човекот кој требаше да го врати култот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, се појави пред камерите со очи полни солзи. По елиминацијата од Босна и Херцеговина на пенали, легендарниот „Рино“ ја презеде целата одговорност за тоа што „Азурите“ по третпат по ред нема да бидат дел од Светското првенство. Иако Италија водеше со гол на Моисе Кин, црвениот картон на Бастони пред крајот на првиот дел го смени текот на натпреварот. ...