Иако Владата има отворен пови преку целата година за изградба на домови за стари, во моментов само две општини побарале средства да изградат ваков капацитет на својата територија. Овој податок што го изнесе министерот Фатмир Лимани изгледа нереално во ситуација кога населението забрзано старее, а сите градоначалници во своите изборни програми планираат изградба на домови за згрижување на стари лица. Но, не само на овој владин јавен повик за ...

Населението во Македонија старее, а општините не се заинтересирани за отворање домови за стари лица. Само Кавадарци и Крива Паланка аплицирале на годишниот јавен повик од министерството за социјала. Од таму информираат дека проектите од Пробиштип и Кратово се во фаза на разгледување, а во Берово побарале проширување на капацитетот. Имаше отворен повик и со програмата А и со унгарскиот кредит. Тука требаше да конкурираат и со детски градинки и ...