Не се само јајцата проблем на македонските пазари – многу увозни производи се декларираат како македонски, создавајќи забуна кај потрошувачите и негативно влијаејќи врз домашните земјоделци. Земјоделците укажуваат дека оваа практика одамна е присутна кај македонските трговци и супермаркети, така што многу често домашните производи се мешаат со увозни, кои, според нив, се далеку понискоквалитетни. Изминатите години имаше бројни примери за тоа. ...

„Многу често домати и краставици кои се увезуваат од Албанија, Турција или Грција на пазарите се продаваат како домашни“, изјави Ристо Велков, претседател на Сојуз на земјоделци од Струмица, за многу увозни производи кои се декларираат како македонски, создавајќи забуна кај потрошувачите и негативно влијаејќи врз домашните земјоделци. Велков порачува дека проблемот е што веќе немаме доволно домашно производство – нема тетовски грав, нема ...