Уставните измени што Бугарија успеа да ги наметне како услов во преговарачката рамка се само една капка во морето на барања што официјална Софија има намера да ѝ ги испорача на земјава во текот на преговарачкиот процес со Европската Унија. Впрочем, тоа не го кријат ниту бугарските политичари, кои јасно истакнуваат дека уставните измени се само првиот чекор што треба да го направи земјава, а дека понатаму ќе треба да спроведе уште многу од ...
Она што во последно време внесе извесна доза на нервоза кај официјална Софија се пристапот на новата македонска влада и засилените активности на македонската дипломатија, кои работат заедно со стратегиските партнери и земјите пријатели во ЕУ на заштита на македонските интереси, исклучувајќи ја Бугарија од тие процеси, откако таа претходно одби каква било можност за дијалог со македонската страна. Со тоа падна во вода досегашната практика на која ...