Општина Гостивар најави дека утре (15 април) ќе се одржи четвртата работна седница на Локалниот совет за превенција, на кој ќе се дискутира за неколку проблематики кои се од интерес на граѓаните. На дневен ред на седницата се семејното насилство како општествен проблем кој бара заедничка реакција, како и проблемите со кои се соочуваат општините во Македонија во врска со кучињата скитници. Со Локалниот совет за превенција раководи ...

Бездомните кучиња на подрачјето на Гостивар години наназад претставуваат сериозен проблем за граѓаните и предизвик за институциите. Кучињата скитници се забележливи по улиците, во парковите, на паркинг простори и други јавни површини, при што во одредени ситуации претставуваат ризик за безбедноста на луѓето. Гостиварци бараат поинтензивна реакција од надлежните и системско решение за ова прашање. Иако во минатото во Гостивар функционираше ...