Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата предупреди дека истекува времето од неговиот десетдневен рок за Иран да склучи мировен договор со САД и се закани дека Исламската Република ќе се соочи со „целосен хаос“ во рок од 48 часа. „Се сеќавате кога му дадов на Иран десет дена да СКЛУЧИ ДОГОВОР или да ГО ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ,“ напиша Трамп на социјалните мрежи ден пред Велигден. „Времето истекува - 48 часа пред врз нив да се истури ...
Трамп му се закани на Иран денеска од Белата куќа дека целата земја може да биде „извадена од игра за една ноќ“, откако постави конечен рок до вторник навечер Техеран да прифати договор и да овозможи повторно движење низ Ормутскиот теснец. Американскиот претседател порача дека ново одложување е малку веројатно и дека, ако нема договор, може да следуваат широки напади врз иранска инфраструктура, вклучително и електрани и други клучни објекти. ...

