Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не може самостојно да ги покрие трошоците за исплата на пензиите, а неговата зависност од државниот буџет станува сè поголема, покажува најновата ревизија на Државниот завод за ревизија. Ревизорите утврдиле дека првиот пензиски столб континуирано работи со негативно финансиско салдо, бидејќи приходите од придонеси не се доволни за покривање на расходите за пензии. Разликата редовно се надоместува со ...
Слушај ја веста Пензискиот систем во државата и натаму останува силно зависен од буџетски средства и не е во состојба самостојно да ги покрива обврските за исплата на пензии – заклучил Државниот завод за ревизија во извештајот за 2024 година. Поради утврдените слабости и неправилности, ревизорите изразиле неповолно мислење за финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за 2024 година, како и за усогласеноста на ...

