Од безбедносен аспект локалните избори во Охрид и регионот засега течат без проблеми, информира СВР Охрид. Полициски службеници согласно законот се присутни околу избирачките места и се однесуваат стриктно според дадените насоки за што беа спроведени и соодветни обуки. Нема нарушувања на изборниот процес или на јавниот ред и мир. Нема интервенција на ниту еден полицаец по ниту еден основ, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. ...
Добивај вести на Viber - За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. На сите подрачја гласањето на ...