Невремето во Охрид откорна десетметарски бор кој целосно оштети автомобил паркиран во тревникот пред зградата во населбата Даљан. Жителите бараат Општината да го отстрани големото дрво кое е на земја веќе пет дена оти според нив се наоѓа на државно земјиште. „Дрвото падна на паркирано возило, за цела среќа немало пешаци бидејќи тоа е пешачка зона по која се движат станари на зграда со три влеза инаку ќе имаше и човечки жртви. Веднаш беше ...

Жителите од населбата Дељан бараат од Општина Охрид веднаш да го отстрани борот и да го ослободи возилото. Тие реагираат за тоа што надлежните од Општина Охрид уште пред неколку години го обележале борот како опасен и за отстранување, но сега не сакаат да дојдат да го отстранат и да ја ослободат смачканата кола со образложение дека тоа не е нивна работа и оти граѓаните треба сами да го отстранат, иако, како што нагласуваат, тој се наоѓа на ...