На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е ...
Се случи виенско чудо во Скопје. Во саботата, големата сцена на Националната опера и балет блескаше како никогаш досега! Премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II беше вистински празник на музиката, хуморот и гламурот. Публиката ги награди уметниците со долготраен аплауз и стоечки овации, а во воздухот се чувствуваше радост, елеганција и гордост што ова ремек-дело повторно оживеа на нашата сцена. Валцерите, шампањот, раскошните ...

