По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи и Единицата за економски и компјутерски криминал спроведе акција за расчистување на случајот. Како што соопштија од Јавното обвинителство, биле прибрани доволно информации кои ги потврдиле основите на сомнение, по што вчера биле извршени претреси на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО. – Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени ...