Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера ...

Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од село Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево. При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, ...