Без струја,на свеќи - во ладни соби и без топла вода втор ден на среде испитна сесија се студентите од Студентскиот дом "Никола Карев" од Охрид. Причината три неплатени сметки за струја кон ЕВН. Студентите споделуваат дека револтот кај нив е голем, ладно е, храна нема и не може да се учи. Директорот на домот Жарко Куциноски во изјава за Тв 24 вели дека до крајот на денов очекува проблемот да се реши,од МОН да префрлат пари за да се плати ...
Студентскиот дом Никола Карев во Охрид втор ден остана без струја . Студентите немаат греење ни топла вода а според видеото споделено на Студернтарија мк во вечерните часови се движат со свеќи во рацете во целосна темница без никакви услови за учење .Дополнителен проблем е и мензата каде јадат а во студентскиот дом ја има и народната кујна каде има 40тина корисници социјални случаеви. Директорот на домот вели дека поради неплатени сметки кон ...

