Во летните месеци, високите температури и засиленото потење доведуваат до губење на вода и важни електролити. Освен натриумот и калиумот, се губи и магнезиумот, кој учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот и е неопходен за нормална функција на мускулите, нервниот систем и срцето. Недостатокот на магнезиум може да се манифестира со мускулни грчеви, замор, слабост, раздразливост, главоболка и намалена физичка издржливост. ...

За време на екстремно високите температури, организмот не губи само течности, туку и важни минерали неопходни за нормално функционирање на телото. Здравствените експерти предупредуваат дека во одредени ситуации обичната вода не е доволна за целосно закрепнување и објаснуваат кога е потребно да се надоместат и електролитите. Летните горештини, интензивната физичка активност и долгото изложување на сонце предизвикуваат обилно потење, при што ...