Студентите, специјализантите и професорите ги добија првите два акредитирани учебници по психијатрија, кои ќе го трасираат патот на идните доктори и ќе ги зајакнат стручните капацитети во здравствениот систем. „Психијатрија“ и „Медицинска психологија“, како што велат од авторскиот тим, не се само наредени факти, туку имаат и практично значење, бидејќи ја следат светската литература, а воедно и докторите можат да ги користат за да ги подобрат ...

Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Првите акредитирани учебници по психијатрија - „Психијатрија“ и „Медицинска психологија и социологија“ - денеска беа промовирани во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Авторскиот тим на учебникот „Медицинска психологија и социологија“ го сочинуваат проф. д-р Димитар Боневски, невропсихијатар; проф. д-р Славица Арсова Хаџи-Анѓелковска, психијатар; проф. д-р Антони Новотни, невропсихијатар и виш научен ...