Во дом на 51 годишен охриѓанец најдени се автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки. Претресот следувал откако охриѓанецот бил уапсен зашто полицијата кај него нашла бела грутчеста материја. Тој е задржан во полициска станица. Настанот се случил вчера околу 11 часот во паркот во Охрид, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија ...
На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, ...

