Европската Унија денеска се согласи на неодредено време да ги замрзне средствата на руската централна банка што се чуваат во Европа, отстранувајќи ја големата пречка за користење на овие пари за да ѝ се помогне на Украина. Русија најави дека ќе го тужи белгискиот депозитар за хартии од вредност „Евроклир“, каде што се чува најголемиот дел од замрзнатите руски милијарди. ЕУ сака да ја задржи Украина финансиски стабилна за да може да се бори, ...
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска ја поздрави одлуката на Советот за продолжување на имобилизацијата на руските суверени средства. – Испраќаме силен сигнал до Русија дека сè додека продолжува оваа брутална агресивна војна, трошоците за Русија ќе продолжат да растат. Ова е моќна порака до Украина: Сакаме да се осигураме дека нашиот храбар сосед ќе стане уште посилен на бојното поле и на преговарачката маса, ...

