На 6 декември Министерот Дурмиши и премиерот Мицкоски веруваа во успешно општествено одговорна акција на Владата и бизнисот – „Новогодишна кошничка“. Дваесет дена подоцна од премиерот Мицкоски апел: „Срамота е ова што го прават трговците“. Граѓаните со Новогодишната кошничка добија зголемени трошоци и „поплиток“ џеб за празниците. Минималната синдикална кошница за декември е повисока за 800 денари, а најмногу пари се трошат за храна и пијалоци. ...
Секој град има своја предновогодишна програма, но и програма за дочек на Нова Година. Некои градови веќе ја објавија програмата за новогодишната вечер и кои естрадните уметници ќе ги забавуваат до одбројувањето, а некои уште ги држат во тајност гостите. Повозрасните граѓани паметат заеднички дочек на плоштадите кои биле добро организирани, а помладите генерации не се заинтересирани многу за дочек на плоштад, повеќе сакаат забава во диско ...