1 Ако во 2025 година, среде кампања за локални избори главната тема во главниот град на државата ни е несобраното ѓубре и како ќе нѐ јадат стаорци, што ли ќе ни биде тема на локалните избори во 2029 година? Загадувањето на воздухот е проблем ако го гледаме од перспектива на 21 век. Ама од перспектива на доцниот среден век, тој проблем воопшто не постои. Исто е и со јавниот градски превоз. На скопјани веќе им е нормално да живеат без градски ...
За четири години отсега, од среден век ќе стасаме во времето на Александар Велики. Кога луѓето немале свест за опасноста од заразни болести. Кај и да е, партиите на власт лесно ќе го убедат своето гласачко тело дека дури и добро е што имаме стаорци. Каков главен град би биле ние ако немаме стаорци, кога во сите светски метрополи има и глувци и стаорци. Порано, на граѓаните што се бунеа против неконтролирано градење, бетонизација, и бараа ...

