На прашање како ја оценува воената интервенција на САД и Израел, генералниот секретар на НАТО Марко Руте истакна дека самото НАТО не е вклучена во оваа воена активност, но дека будно ги следи настаните и алијансата е подготвена да реагира, доколку е тоа потребно „Иран има способност да користење птроектили кои имаат дострел не само во рсгионот, туку и до Европа и тоа е потенцијална опасност и за нас во Европа. Иран е извозник на хаос и ...

Генералниот секретар на НАТО, кој е во посета на земјава, на заедничката прес-конференција со претседателката Гордана Силјановска-Давкова нагласи дека Алијансата не е директно вклучена во последните случувања на Блискиот Исток, но потенцираше дека НАТО ќе го брани секој дел од територијата на земјите-членки, пренесува МИА. Нашите воени команданти секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени, земајќи ја предвид секоја закана, ...