Посетата на индиската претседателка Друпади Мурму и економскиот форум што во Скопје се одржа во присуство на голем број бизнисмени од Индија e можност Македонија да отвори нов економски прозорец, сметаат аналитичарите. Ова посета е исклучително важна, со цел поголема отвореност на нашата земја и кон други економии надвор од Европа, особено затоа што станува збор за брзорастечка земја што претседава со групацијата БРИКС, која обединува ...

Историската посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму на Македонија отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и поврзувањето на бизнис-заедниците. Првата билатерална посета на индиски претседател по воспоставувањето на дипломатските односи е јасен сигнал дека Њу Делхи го гледа Скопје како партнер со потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката. ...