Територијалната противпожарна единица во Куманово доби противпожарно возило со хидраулична корпа, донација од противпожарната служба на покраината Тирол во Австрија. Ова е прво вакво возило во градот и во регионот. „Ова возило ни е повеќе од потребно бидејќи имаме висококатници во Куманово. Првичната намена му е за спасување од височина, бидејќи има 32 метри скала и хидраулична корпа, меѓутоа се користи и за гаснење на пожари на повисоките ...
Претставниците на локалната власт и на ТППЕ Куманово, денеска ги примија претставниците од австриската амбасада и од Тирол. Возилото, значително ги зголемува капацитетите на кумановската територијална противпожарна единица. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски потсети на претходната соработка со Тирол и студиските посети и нагласи дека Куманово е избрано како една од општините во Македонија за реализација на реформите во ...

