Сандерленд и Ливерпул не вклучија ниту еден Англичанец во своите почетни состави за нивниот натпревар од 26-то коло во Премиер лигата кој се игра вечерва. Ова е само четврти ваков случај во историјата на англиската Премиер лига (од 1992 година наваму). Немаше Англичани ни на дуелите Арсенал против Портсмут (2009), Арсенал против Челзи (2019) и Фулам против Манчестер Сити (2025). Вреди да се напомене дека дефанзивецот на Сандерленд, Даниел ...

Ливерпул победи со 1-0 на гостувањето кај Сандерленд во дуел од Премиер лигата, по што Црвените го држат шестото место на табелата. Актуелниот англиски првак до победата дојде со гол на Вирџил Ван Дајк, кој го глава го најде патот до мрежата по 10-тиот корнер на Ливерпул вечерва, кој го изведе Мохамед Салах. Египќанецот стана седми најдобар асистент во историјата на Премиер лигата. Интересно е дека за Сандерленд ова е прв пораз сезонава на ...