Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 декември. Денеска е Св. маченичка Анисија. Анисија беше родум од Солун. Потекнуваше од угледен и богат род. Родителите и беа побожни луѓе и добро се погрижија околу нејзиното воспитание; уште од младоста таа многу го засака Бога. Набргу умреа нејзините родители и таа го наследи нивното огромно богатство. Но, таа не дозволи богатството да и го одреди животот, па распродаде се и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јануари. Денеска е Св. Силвестер и св. Серафим Саровски. Свети Силвестер се роди во Рим. Таму беше избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните. Папа Силвестер добро управуваше со римската црква до 335 година, кога се ...