Вардар немаше поголеми потешкотии да стигна до нова победа во Супер-лигата, победувајќи го Тинекс Пролет на свој терен со 38-22 во рамките од 21. коло. „Црвено-црните“ уште од самиот старт диктираа, брзо се одлепија до достојна разлика, и само ја зголемуваа до крајот на мечот. Франциско Да Силва со осум голови беше најефикасен, додека Маричинијак и Лазаревски постигнаа по пет голови. Кај гостите најефикасен беше Андреј Стојановски кој ...

Вардар ја продолжи победничката серија. Во градското дерби го совладаа тимот на Работнички лесно и убедливо со 3-0. Со два гола во првиот дел и еден во вториот, „црвено-црните“ стигнаа до победата број 15 во ПМФЛ. Уште во 8. минута „црвено-црните“ по една одлична акција и асистенција на Омерагиќ, Закариќ успеа да погоди во мрежата на „романтичарите“. Во 16. минута на 2-0 зголеми Омерагиќ. Од изведен аут од десната страна и грешка на голманот ...