Музичкиот избор на хрватската ракометна репрезентација за Европското првенство предизвикал скандал во Шведска, па Европската ракометна федерација морала да се инволвира и да пресече во спорната ситуација. Хрватите избрале да ги прославуваат головите со песна од контроверзниот Томпсон, тоа и се случи на првиот натпревар со Грузија, но по реакција на дел од навивачите во арената во Малме, ситуацијата се префрлила кај одговорните во ЕХФ. ...
Музичкиот избор на хрватските ракометари предизвика скандал на Европското првенство во шведскиот град Малме по првиот натпревар од групата против Грузија. Шведскиот весник „Афтонбладет“ пишува дека песната на Марко Перковиќ Томпсон „Ako ne znas što je bilo“ повеќе нема да се слуша во Малме Арената. „Афтонбладет“ пишува дека по натпреварот во саботата со Грузија, „неколку гледачи реагирале“ на изведбата на песната на Томпсон во Малме Арената. ...

