Иако Украина е победник на Евровизија 2022 година, следното натпреварување нема да се одржи во оваа земја поради воената состојба во која се наоѓа. Со месеци се шпекулира дека следната Евровизија нема да се одржи во Украина, поради воената состојба во оваа земја. Сега Европската радиодифузна унија (ЕБУ) официјално објави дека познатиот музички натпревар дефинитивно ќе се одржи во Велика Британија, земјата која го освои второто место на ...
Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдија вчера организаторите. Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина, поради тековната војна по руската инвазија. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) перидот потоа почна разговори со Британската бродкастинг компанија. Сè уште не е познато кој град ќе ...