Здружението за естетска медицина (ЗЕМ), Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи МАПРЕКС и Здружението на дерматовенеролози на Македонија апелираат дека во земјава има несоодветна примена на член 33 и 35 од Законот за јавно здравје и секој става филери и ботокси. Од таа причина тие поднеле барања да се сретнат со министерот за здравство Арбен Таравари и со претседателoт на Комисијата за здравство во Собранието ...
„Нарачуваат филери од ‘Али експрес’ и сами дома се боцкаат“, „Ни дојде пациентка со распаднат задник од вбризган филер“, „Козметичарка ѝ дала инструкции на пациентката сама дома да си стави половина доза од филерот“, се дел од искуствата на естетеските и пластични хирурзи кои ги споделија со новинарите на денешната прес-конференција. Д-р Игор Пеев и д-р Анџелка Илиева од Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) кажаа дека нивното Здружение, како и ...