Хотели-Метропол АД Охрид лани остварил нето добивка од 28.142 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Приходите изнесуваат 210.655 илјади денари и истите гледано споредбено со 2023 година се зголемени за 4%. Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 207.074 илјади денари, што покажува зголемување за 4% во однос на 2023 година. Останатите приходи во износ од 1.571 илјади денари се зголемени ...

Макотекс АД Скопје лани остварил добивка од 1.055 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените вкупни приходи изнесуваат 24.415 илјади денари. Оперативните приходи изнесуват 24.244 илјади денари и учествуваат со 99,30% во вкупните приходи. Истите бележат зголемување од 3% во однос на приходите во 2023 година Вкупните расходи изнесуваат 23.206 илјади денари. Оперативните расходи во 2024 година во износ од 23.197 илјади ...

БИМ АД Свети Николе лани остварил нето добивка од 55.504 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените приходи од продажба изнесуваат 955.805 илјади денари и тие се за 28% поголеми во споредба со приходите од продажба остварени во 2023 година, кога изнесуваа 747.822 илјади денари. По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од домашниот пазар учествуваат со 53,65%, додека од странскиот пазар ...

Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци лани остварила вкупни приходи од продажба во износ од 3.592,7 милиони денари, кои се зголемени за 15% во однос на 2023 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 11% и од странските пазари за 18%. Зголемените административни трошоци за 8%, трошоци за продажба и маркетинг за 28% и останатите оперативни расходи ...