Во организација на Амбасадата на Македонија, синоќа во Тирана, со прекрасен пијано концерт на познатата пијанистка Ема Попивода беше одбележан 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Попивода пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, го изведе уникатниот музички проект ...
Пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, најпрво кусо се обрати амбасадорот Данчо Марковски, кој високо ги оцени односите и соработката меѓу двете земји. - Географијата нѐ прави соседи, историјата пријатели, економијата партнери, неопходноста сојузници. Се надевам дека во наредните години следните генерации ќе бидат насочени кон проширување ...