Тензично и под силен емотивен се чекаше да почне рочиштето за кочанската трагедија на кое се очекува да сведочат петмина повредени кои биле на местото на несреќата. Рочиштето доцнеше, а родителите реагираа затоа што во јануари немаше рочиште, сега доцни спроводот, како што велат, рочиштата траат кратко, а тие губат денови од работа. Пред рочиштето изјава за медиумите даде Александар Наунов, таткото на младата Надица Наунова која загина во ...
Судијката Диана Груевска Илиевска пред почетокот на рочиштето ги предупреди родителите на загинатите кои се во судницата да го почитуваат редот и да не дофрлаат, по јавните реакции меѓу нив и Ивана Коцевска, адвокатката на газдата на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко. Таа објаснуваше дека со оглед на тоа што ова е еден од најтешките и најголемите судски процеси, адвокатите мора да бидат во судница, бидејќи тоа им е работа. Адвокатката Коцевска ...

