Мексиканската теленовела АКО НÈ ОСТАВАТ ни го претстаавува животот на Алисија, која за себе верува дека во среќен брак со нејзиниот сопруг – познат новинар, со кого има три деца. Во име на семејниот живот се откажува од својот сон за успешна кариера. Но, нејзината силa ќе биде ставена во искушение кога ќе дознае дека нејзинот сопруг се гледа со младата Хулиета. Тој неочекуван животен пораз, ќе ѝ ја даде потребната сила повторно да биде силна ...

Ова е приказна за две семејства кои доаѓаат во контакт преку шестгодишниот Нико, дете кое со месеци се бори со тешката леукемија. За Елена и Ернест, единствениото решение е да ги пронајдат биолошките родители на Нико, за да го спасат животот на своето посвоено дете. Од тој момент, дотогаш среќното семејство е ставено пред голем предизвик. Мајката не успеваат да ја пронајдат, но ќе го пронајдат Педро, татко му на Нико, кој е шокиран од веста дека ...