Собранието, денеска, во рамките на 84. седница ги донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и законот за ратификација на дополнителниот протокол кон Конвенцијата за договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година. Со законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право ...
Собранието на денешната 84. седница ја изгласа потребата по скратена постапка да се донесе Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита поднесен од пратеничката група на Левица. Со решенијата предвидени во овој Предлог на закон ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал. Со предложеното решение ќе се овозможи избор на ...

