Од денеска до 22 август, спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. На турнирот ќе учествуваат осум екипи, поделени во две групи. Македонија ќе има два претставника, домаќинот Охрид и Вардар, додека охриѓани ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен на минатото издание. Во групата А се наоѓаат Охрид, репрезентацијата на Египет до 20 години, Војводина ...
ГРК Охрид со победа стартуваше на петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што денеска започна во СРЦ „Билјанини извори“. Охриѓани ја совладаа репрезентацијата на Египет до 20 години со 31:27, откако на полувремето имаа предност од 15:12. За најкорисен играч (МВП) на натпреварот беше прогласен Адама Кеита, кој беше и најефикасен во редовите на Охрид со 7 погодоци. Лиапис постигна шест гола, додека Савревски, ...

