Борусија Дортмунд официјално го објави идниот трансфер на 17-годишниот лев бек Кауа Пратес, кој ќе пристигне од Крузеиро во лето за проценета сума од 7+5 милиони евра. Договорот на младиот талент ќе важи до јуни 2031 година. И покрај неговата млада возраст, Пратес веќе има одиграно 17 натпревари за клубот од својот роден град, постигнувајќи еден гол, и ќе може да стекне повеќе искуство со Крузеиро пред да се пресели во Борусија Дортмунд . ...

Борусија Дортмунд со гол во шестата минута во судиското надополнување, успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Лајпциг. „Милионерите“ беа на праг да го запишат вториот неуспех во првенството, но на крајот успеаја од 2-0, да стигнат до 2-2 и да извлечат бод. Баумгартнер со два гола во првиот дел, го донесе својот тим во предност од 2-0, а потоа Борусија стапи на сила, и со два гола во вториот дел се извлече од ова тешко гостување. ...