Изборната кампања во Косово беше одбележана не само со вообичаената конкуренција меѓу ривалските политички партии, туку и со пропаѓањето на еден од најважните политички сојузи во последните години - оној меѓу премиерот Албин Курти и поранешната претседателка Вјоса Османи. Османи претходно беше политички сојузник на Албин Курти и ја имаше неговата поддршка кога беше избрана за претседателка на земјата од страна на косовскиот парламент во 2021 ...

Косово денеска одржува предвремени парламентарни избори, трети за само 18 месеци, откако политичките партии не успеаја да обезбедат стабилно мнозинство и договор за избор на нов претседател на државата. Изборите доаѓаат по продолжена институционална криза, во која земјата подолг период остана без функционална влада и со блокирани клучни политички процеси. Право на глас имаат нешто повеќе од 2,09 милиони граѓани, а гласањето се спроведува во ...