Американскиот претседател Доналд Трамп отвори нова фаза на притисок врз Иран: јавно кажа дека размислува да испрати и втор носач на авиони на Блискиот Исток, паралелно со обидите да се продолжат преговорите за спречување нова конфронтација. Во нормални околности, ова би било класичен сигнал за „одвраќање“. Во сегашните околности, тоа е и политичка порака дека преговорите нема да се водат како технички разговор за нуклеарни проценти, туку како ...

Американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, синоќа објави дека САД ќе испратат уште еден носач на авиони на Блискиот Исток. Според весникот, на Блискиот Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите. Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот. Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред неколку дена изјави дека размислува за испраќање втор ...