Колку повеќе ЕУ инсистира на уставните измени, македонските граѓани даваат поголем отпор. Колку Владата на Мицкоски се залага за внесување на Бугарите во Уставот со одложена примена, како да се оддалечуваме од Европа. На патот кон ЕУ не поминаа Црна Гора која очекува да ги заврши преговорите во 2026 година и Албанија која ќе финишира со преговорите во 2027 година, а и двете сметат да бидат членки на унијата до крајот на оваа деценија. Дали ...

Трамп ја смени американската политика кон војна во Украина, со телефонски повик до рускиот претседател Путин. Разговорите меѓу американските и руските претставници без ЕУ и Украина, ја разбрануваа светската јавност. Војната во Украина, полека но сигурно, се трансформира во капитулација на Киев, која поддржувачите ја премолчуваат. ЕУ покажува немоќ – може ли Доналд Трамп да донесе мир? Анкета: Можеше ли војната во Украина да се избегне? Да/Не © ...

Правосудниот систем во Македонија е на колена. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека е заробен од моќниците од СДС и ДУИ, а СДСМ порачуваат дека правосудството сè уште не е излезено од вмровското тефтерче. Ниедна агенција не се нафаќа да измери колкава е довербата во нашиот правосуден систем. Веројатно се плашат да не добијат резултат еднаков на нула. Има ли хирург кој ќе направи царски рез во правосудниот систем? Како до целосна реформа и департизација на ...

Владата донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи. Оваа одлука ќе биде во сила до 30 април 2025 г. и владата очекува цените да се намалат во просек за 10%. Некои граѓани ја поздравуваат одлуката, други граѓаните не, а трети бараат долгорочна стратегија за стабилизирање на цени. Трговците скептични. Што после 30 април – ќе има ...