Салман Ружди, писателот кој поради романот „Сатански стихови“ беше осуден од муслиманскиот свет, во петокот беше прободен на сцена во Њујорк. „Сатански стихови“ е четвртиот роман на Салман Ружди, првпат објавен во 1988 година. Романот е делумно инспириран од животот на пророкот Мухамед. Фото: India TV News Наиде на поделени мислења кај критичарите и читателите, особено во Велика Британија, како и големи контроверзии во муслиманските заедници ...

Нападот со нож врз Салман Ружди во Соединетите Држави го поттикна јавниот интерес за неговите дела, особено неговиот роман „Сатански стихови“ од 1988 година, за кој доби смртни закани пред триесет години и чија продажба порасна во саботата. Поради таа книга, Иран издаде фатва против него во 1989 година. Во саботата попладне, три изданија на делото беа на врвот на листата на најпродавани книги на Амазон, која ги следи книгите чија продажба ...