Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ лани ја завршило годината со загуба од 33.540.089 денари (550 илјади евра), и покрај тоа што од буџетот на Град Скопје доби 13,5 милиони евра субвенции. „Во текот на 2026 година основачот да најде начин за покривање на загубата со оглед дека се исцрпени законските резерви“, стои во одлуката на Управниот одбор на претпријатието која е точка на дневен ред на седницата на Советот на Град Скопје ...
Јавните претпријатија во Скопје трошат милиони евра пари собрани од скопјани, а речиси секогаш во завршните сметки прикажуваат загуби. Зошто се бунар без дно? Во прашање е нивната ефикасност, не работат домаќински директорите или е потребна реорганизација? На пример, ЈСП минатата година ја заврши со загуба од над половина милион евра, иако доби дури 13,5 милиони евра субвенции од градскиот буџет. Со минус, лани работеле и „Паркови и ...

