Зимските олимписки и параолимписки игри во Милано и Кортина денес официјално започнуваат. Границите меѓу спортот и модата одамна се избришани, поради што сè поголем број луксузни брендови се одлучуваат за соработки, како со поединечни спортисти, така и со национални репрезентации. По тој повод, ви ги претставуваме најинтересните колаборации меѓу земјите и модните куќи, преку најубавите спортски комплети на годинашните Зимски олимписки игри. ...

Вечерва на стадионот „Сан Сиро“ во Милано започна свечната церемонија на отворањето на 25-тите Зимски олимписки игри наречена „Хармонија“. На Олимписките игри во Милано и Кортина д’Ампецо, кои ќе траат до 22 февруари, ќе учествуваат 2.871 спортисти од 92 олимписки комитети. За време на церемонијата, планирани се специјални музички изведби на американската пејачка Мараја Кери, како и италијанските уметници Лаура Паузини и Андреа Бочели. На ...