Со почеток од 19:00 часот, во големата сала на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, Културно-уметничкото друштво „Рацин“, одбележува дваесет години постоење, години исполнети со игра, песна, музика и искрена љубов кон македонската традиција. Во изминатите две децении, низ друштвото поминаа бројни генерации, оставајќи дел од себе во секој чекор, секое оро и секоја песна. КУД „Рацин“ го сочинуваат две значајни целини: Школа за народни ...

Вчера вечер во преполна сала се реализираше јубилејот на КУД „Рацин“ по повод „20 години“ постоење. Истиот беше со кореографска режија на Антонио Стојчески и Анастасија Бошковска, проект поддржан од Министерство за Култура. Публиката повеќе од еден час имаше можност да ужива во одличните изведби на играорците при културно уметничкото друштво, водени од оркестарот под раководство на Јован Митрески. – „20 години“ кои низ ова друштво поминаа многу ...