Тренерот на Барселона, Ханси Флик, уште еднаш ги подгреа емоциите кај навивачите, истакнувајќи ги своите долгорочни амбиции со клубот. Иако „сино-црвените“ веќе се вратија да ги играат своите натпревари на „Камп Ноу“ со делумен капацитет, Флик сонува за моментот кога проектот ќе биде комплетиран. „Мојот сон е да ја освојам Лигата на шампионите со Барса. Сакам да бидам тренер на тимот кога ‘Камп Ноу’ ќе биде целосно завршен“, изјави Флик. ...

Ханси Флик се уште се рехабилитира од елиминацијата која ја доживеа Барселона во Лигата на шампиони, но по една недела пауза, неговиот тим се враќа на задачите во Ла Лига. Барса има обврска да ја доврши работата до самиот крај и да ја освои титулата во Ла Лига, па бидејќи Ханси како тренер веќе освои голем број трофеи во Каталонија, му недостасува само оној најважниот во Европа. Во пресрет на натпреварот со Селта Виго, Ханси уште еднаш ...