Дали „бомбите„ на Заев можат да бидат доказ некој да биде осуден – Стразбур повторно ја отвора дилемата, за која се дебатира уште од првата судска пресуда во Македонија. Судиите од европскиот суд за човекови права се прашуваат и упорно бараат одговори од Македонија дали осудените, за време на судењето, имале право да се бранат, како што налагаат нашиот устав и меѓународните норми, со оглед на фактот што главни докази биле аудио-снимки од ...

Во апликацијата до Судот во Стразбур, бизнисменот Сеад Кочан тврди дека прислушуваните материјали биле под ексклузивна контрола на Обвинителството. Слично како и за случајот „Тенк“ и за Гордана Јанкуловска, Стразбур повторно ја прашува владата во Скопје дали во вакви околности може да се смета дека судењето било фер и во согласност со членот 6 од Европската конвенција за човекови права. Европскиот суд за човекови права во Стразбур официјално ...