Екипата на АЕК Ларнака пред крајот на првото полувреме дојде до предност во дуелот против Шкендија кој во рамки на Конференциската лига се игра во Кипар, меѓутоа голот беше поништен. Голот беше вистински „пинг-понг“, затоа што по еден прекин топката се одбиваше од едно на друго место, а заврши на главата на напаѓачот Ивковиќ. Иако домашната публика веќе прослави, се јавија од ВАР-собата. Следеше проверка и беше заклучено дека стрелецот бил во ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија доживеа гостински пораз кај АЕК Ларнака на Кипар (0-1) но и покрај тоа ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА. Другите резултати беа задоволителни, па така тетовчани го фатија „последниот воз“ за место меѓу екипите кои ќе имаат европска пролет. Дуелот почна со добра шанса на Шкендија која тргна прва поконкретно на мечот. Уште во 4. минута Роналдо Вебстер влезе во казнениот простор како крило, ...

