Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи се до неговото пензионирање во 2022 година. Негови деца се: Иван Манасковски (режисер), и Симон Манасковски (глумец). Остварил улоги во следниве театарски претстави: ...

Новица Василевски е роден на 28 март 1971 година во Скопје. Тој е познат македонски пејач на народна музика. Новица својата кариера ја започнува во Група Академци, каде неколку години е член на групата. Во 1996 година, заедно со други членови ја оформуваат Група Биоритам, каде е член долги години, до 2010 година. Потоа тој почнува своја соло-кариера како пејач, каде негови песни се: “Паша Паша”, “Пожар”, “Место не ме држи брате”, “Не бери ...

Драган Гиновски – Гино е роден на 30 март 1967 година во Скопје. Тој е познат македонски музичар, најпознат како гитарист на музичката група Архaнгел и Темпера. Гиновски дипломирал на Металуршкиот факултет во 1993 година. Слободното време го поминувал во поправка на гудачки инструменти. Соработувал со Горан Трајковски, Александар Вељанов, Moons, Mooger-fooger, V.I.S. Vox. На возраст од 15 години тој ја формирал групата „Gino de Gagi“. Во 1988 ...